

Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до титулата во англискиот Лига куп откако во финалето одиграно на Вембли во трилер натпревар славеа над Челси со минимални 1-0.
Гол за водство постигна и Ливерпул преку Ван Дајк во 60. минута, но тој гол поради офсајд беше поништен по ВАР. И двете екипи до крајот на регуларниот дел имаа свои шанси, но не успеаја да ја затресат мрежата на противникот. Слично беше и во продолженијата каде клучниот момент се случи во 118. минута кога Ван Дајк постигна гол вреден трофеј.













