Две децении од смртта на претседателот Борис Трајковски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Денес се навршуваат 20 години од смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски. Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Владата ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа со државнички активности. Како што соопштија од владината прес-служба, на овогодинешното одбележување на Градските гробишта во Бутел, со почеток во 12:00 часот, на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе неговата сопруга Вилма Трајковска со членови од семејството, претседателот на државата Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од спикерот Јован Митрески, делегација на Владата составена од Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за политики на добро владеење и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Цвеќе ќе положат и делегација на Армијата на Република Северна Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, во 10 часот ќе положат цвеќе претставници од Владина делегација, а ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина. Положување цвеќе ќе има и во Струмица, пред споменикот на Трајковски.

Вечерва пак, во Националната опера и балет ќе се одржи Комеморативен концерт во чест на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници.

 



Source link

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...