Патот Гарски мост-Извор готов до крајот на годината, очекуваат надлежните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Патната делница Гарски мост-Извор која е дел од регионалниот пат Кичево-Дебар се очекува да биде готова до крајот на годината. Според надлежните, досега се реализирани околу 75 проценти од работите и се работи на целата траса.

Патот е во должина од околу 20 километри, а проекциите се дека ќе чини околу 20 милиони евра. Овој патен правец е значаен за жителите од Маврово, Дебар, Центар Жупа, Кичево и помалите населените места затоа што ќе овозможи полесно и побрзо движење.

Патот има големо значење имајќи предвид дека ќе овозможи поврзување на регионот на Гора Река, Средна Река, Долна Река односно Дебар-Кичево со сите населени места кои гравитираат во регионот и ќе овозможи побрза комуникикација особено за бизнисите од овој регион, изјави денеска техничкиот премиер Талат Џафери, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на овој патен правец.

Министерот Бочварски рече дека се инвестирани над две милијарди евра за модернизација на патната мрежа и изградба на нови патишта низ државата.

Нови патишта, значат нов развој за државата, нови вработувања, развој на стопанството и на крај носат благодат за сите граѓани. Тоа на нашата крајна цел, рече меѓу другото Бочварски.

Според него, со реконструкцијата на патниот правец Маврови Анови – Жировница, дел од патниот правец Маврово-Дебар, за што се инвестирани околу шест милиони евра се успеало овој патен правец да се доведе на ниво на модерен и побезбеден пат којшто речиси децении наназад не бил рехабилитиран.

428693386 905956500903467 2749343414854799535 n

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Ристеми, оваа патна делница е една од најважните инфраструктурни проекти во Југозападниот регион.

Оваа патна делница која се протега низ планински предел и која на превоите достигнува над 1.500 метри надморска височина е еден од најважните инфраструктурни зафати во Југозападниот регион. Проектот предвидува изградба на 19 километри пат, со широчина од 6 метри. Во моментот се работи на целата траса, на некои делови се врши тампонирање, некаде се прават потпорни ѕидови, насипи, а на повисокиот дел на трасата веќе има и прв слој на асфалт, рече Рустеми.

Најави дека со годишната програма, за оваа календарска година планирана е и реконструкција на делницата Никифорово-Леуново-Бунец во должина од 10,4 километри со предвидена вредност од 6,5 милиони евра.

 



Source link

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи