Левица-Тетово ги повикува сите граѓани, симпатизери на Левица и проф. Билјана Ванковска, од општините: Тетово, Брвеница, Боговиње, Теарце, Јегуновце и Желино да се потпишат во Општина Тетово за поддршка на кандидатурата на проф. Билјана Ванковска.
„Потпишувањето се одвива секој ден (и сабота и недела) од 08:00 до 20:00 часот во канцеларија број 41 во општина Тетово. Потсетуваме, потребно е со Вас да носите важечка лична карта или пасош. Секој потпис е важен во ова исклучително тешко време на политичко и општествено ниво. Да дадеме поддршка на проф. д-р Билјана Ванковска за претседателски кандидат на престојните избори“, се вели во повикот на Левица.













