Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и укажување до сопствениците на моторни возила секогаш да ги заклучуваат и да не ги забораваат клучевите во брава. Покрај тоа, се апелира до нив да не оставаат на седиштата лаптоп компјутери, чанти, паричници, мобилни телефони, скапи очила за сонце или други вредни предмети.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, исто така, сопствениците на моторни возила, доколку имаат можност, адекватно да ги заштитат со соодветна алармна или друг вид опрема, а граѓаните веднаш да ги пријавуваат сомнителните лица кои се наоѓаат околу возилата во најблиската полициска станица. На таков начин ќе се придонесе за побрзо и поефикасно справување со крадците на патнички возила, мотоцикли или велосипеди, посочуваат од полицијата.
Изминатите денови на гостиварското подрачје беа регистрирани неколку случаи со кражби на автомобили. Две лица, од кои едното малолетник од Скопје беа лишени од слобода.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ













