Бобан Илиоски на квалификации во бокс за учество на Олимпијада

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


viber image 2024 03 01 15 24 10 033 401009Во периодот 3-11 Март, во Бусто Арсизио, Италија ќе се одржи првиот светски квалификационен боксерски турнир на кој најдобрите боксери од целиот свет ќе се натпреваруват за остварување на норма за учество на Олимписките игри Париз 2024 година. Бобан Илиоски ќе биде единствениот македонски претставник (категоријата 92 кгр) и веруваме дека тој заедно со својот тим, Владимир Богоевски шеф на делегација, тренерот Дејан Митревски, Драган Атанасовски и д-р Иван Барбов ќе успеат да го прикажат своето најдобро. Жрепката за овој Олимписки квалификационен турнир е на 2 Март. 

viber image 2024 03 01 15 24 29 945

“По освоените европско кикбокс WAKO злато 2022, светско кикбокс WAKO злато 2023 овојпат се вклучуваме во боксот да обезбедиме пласман за учество на Олимписките игри Париз 2024. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку бокс професионални мечеви каде сите ги завршил со победи повеќето со нокаут, а има учествувано и на “Златниот гонг“, во 2016 година.  

Подолг временски период, разговори и убедување со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, одлучивме комплетното искуство и подготвеност да го насочиме кон ново спортско натпреварување и да се обидеме да обезбедиме норма на Бобан Илиоски во бокс и можност за учество и освојување на олимписки медал во бокс”- изјави Дејан Митровски Урко – тренер на Илиоски.





Source link

Tetovo
overcast clouds
9 ° C
9 °
9 °
84 %
0.1kmh
100 %
Sun
16 °
Mon
14 °
Tue
10 °
Wed
11 °
Thu
9 °

Поврзани написи