За најдена дрога приведени 18 годишник од Тетово и 25 годишник од Камењане

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Соопштение на СВР Тетово 1 март 2024 година

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (29 февруари) околу 20 часот и 50 минути  на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец Е.М.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Вчеравечер (29 февруари) околу 21 часот и 25 минути во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(25) од тетовско Камењане. При негов и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Р.(30) од истото село, а тој бил сопатник, му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.

Вчера (29 февруари) во 12 часот и 40 минути С.З.(49) од тетовско Теново во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот во гостиварско Форино, физички бил нападнат од В.И.. Се расчистува и документира случајот.

Во рамките на акциска контрола спроведена завчера (28 февруари) во Тетово од 12 до 16 часот биле откриени и санкционирани две возила „форд“ и „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Г.Н.(30) од тетовска Брвеница и од С.Е.(37) од тетовско Добарце, а кои не ги поседувале потребните документи за вршење јавен превоз на патници. На двајцата возачи изготвени им се поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.

……



Source link

Tetovo
overcast clouds
8.1 ° C
8.1 °
8.1 °
88 %
0.2kmh
98 %
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи