Очекуваме автопатот од Коридор 8 да биде готов во 2027-ма, изјави Џафери

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Техничкиот премиер Талат Џафери, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, денес извршија увид во градежните активности на делницата Гостивар-Букојчани дел од Коридор 8.

Во својата изјава, Џафери истакна очекување дека проектот ќе биде завршен во 2027-ма година.

„Имајќи предвид дека изведувачот на работите не е непознат, веќе има реализирано во регионот вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде, освен ако нема други предуслови. Но, што се однесува до нас ќе обезбедиме предуслови да можат непречено да работат. Очекуваме 2027-ма година да биде моментот кога ќе бидеме и на чинот на отворање на проектот. Коридорот 8 е фактички врската меѓу Јадранот и Црното Море и е од особено значење“, кажа техничкиот премиер.

Според Бочварски предизвиците кои се појавуваат во текот на работите може да се надминуваат со институционална соработка.

„Драго ми е што денеска гледаме голема и тешка градежна механизација, засилени градежни активности кадешто се пробиваат оние позиции кои се тешки и захтевни за работа. Имајќи предвид дека овие се големи проекти, во тек на реализацијата ќе се појават предизвици, но на нив треба заеднички да работиме во меѓуинституционална координација со сите институции, од предизвиците не бегаме и ќе ги надминеме.“, рече министерот.

bocvarski 5

Рустеми пак смета дека новиот модел на градење на автопатите ќе резултира со поголема продуктивност и ефикасност.

„Ова е новиот модел на изградба на автопатиштата во Република Северна Македонија. Во овој момент паралелно се извршува експропријација, се проектира, се вршат геомеханички испитувања, а имаме и градежни работи. Со овој модел ќе градиме по 23 километри автопатишта годишно, а не како до сега по 5,3 километри.“, изјави директорот.

josh baker

Од „Бехтел и Енка“ потенцираа дека особено им е важно да вработуваат домашни работници и да ангажираат домашни фирми подизведувачи.

„Во компанијата веќе се вработени над 400 работници, од кои повеќе од половина се локалци. Моментално повеќе од 300 машини работат, а очекуваме и повеќе за понатаму. Наша цел е да работиме со локалците, до сега имаме повеќе од 360 договори со подизведувачи од кои и над 75% се домашни фирми.“, информира Џошуа Бејкер, директор на проектот.

bocvarski dzaferi

Теренските работи на Коридор 8 почнаа во септември лани.

banjica koridor

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...