Несреќа со жртва на патот Кичево – Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи