Нови 56 заболени од голема кашлица во земјава изминатата недела

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 23 до 29 минатиот месец регистрира 56 нови случаи на голема кашлица во земјава,  од кои 54 се во Скопје, а по еден во Струмица и во Дебар.

Заболените се на возраст од 0 до 70 години, а најголем број се од возрасните групи деца од 10- до 14 години.

Од новите 56 случаи,  хиспитализрани се три, две деца на возраст под една година и едно од возрасната група од 1 до 4 години.

Заклучно со 29 февруари годинава во државава  регистрирани се вкупно 123 случаи на голема кашлица,  со инциденца од 6,7/100 000 жители.  По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 109 (88,6%) во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.

Првиот пријавен случај е на 05.01.2024, а само во последните 7 дена се пријавени 56 случаи, два пати повеќе во однос на претходниот неделен период за пријавување. Од вкупниот број на регистрирани 123 случаи, 77 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од заболените, регистрирани се 27 лица со хоспитализација и тоа 22 од нив на возраст до четири години, информира ИЈЗ.

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...