Од 45 до 250 евра казни за 30 прекршоци за престигнување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (1 март) од 15 до 20 часот спроведоа акциска контрола за престигнување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 30 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-13).

Сите прекршоци се однесувале на престигнување на недозволени, односно забранети места. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност.

На некои од нив и времено ќе им бидат одземени возачките дозволи од три месеци до една година, зависно од тоа како и каде престигнувале.

СВР Тетово со апел до возачите максимално да внимаваат кога станува збор за престигнувањето и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

….



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи