Спектакл на академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје во Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Духовна и забавна хорска музика, имаа ретка можност да проследат тетовчани вчера вечер на настапот на Академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ под диригенство на тетовчанката маестро Јасмина Ѓорѓеска – Каро. Гости на настапот беа членовите на детскиот хор при Државното музичко училиште „Тодор Скалсовки – Тетоец“, под диригентство на Фотини Гeоргиадис – Кировска.

Настапот на хорот беше по повод 75 години постење на Академскиот хор во рамките на КУД „Мирче Ацев“ од Скопје, како и по повод значителен јубилеј, континуитет 10 години работа со хорот од страна на м-р Јасмина Ѓорѓеска – Каро. Таа овој концерт го посвети на тетовската публика како и на својот покоен татко.

Програмата на концертот беше поделена на два дела. Во првиот дел тетовци имаа можност да проследат композиции од македонски автори, и две современи дела со латинска духовна музика. Во овој дел публиката имаше ретка можност да го проследи вокално-инструменталното дело Псалм Буртника, Книга псалми, од летонскиот композитор Валц Пуцел, компонирано во 4 става и придружено со камерен оркестар. Делото во Тетово доживеа своја втора изведба откако за прв пат беше изведено во Македонија, на годишниот концерт на хорот во Скопје, во декември минатата година, што во светски рамки е трета изведба, на ова дело, но и прва светска комплетна изведба на истото.

„Според текстовите на одбрани псалми, ова дело раскажува за тоа денес како луѓето се оддалечиле од доблестите, кои се постулати на владеењето на мир и хармонија во светот околу нас. И се дрзнуваат да се издигнат на ниво на божества со право да одлучува за туѓите среќи и судбини. Но, и дека само со чиста и искрена верба во Бог, во сè што е добро и добронамерно, можеме да искусиме успеси, спокој и мир -велат од Академскиот хор „Мирче Ацев.

Помеѓу двата дела настапија учесници во детското хорче при ДМУ „Тодор Скалсовки – Тетоец“, под диригентство на Фотини Георгиадис – Кировска. Родителите и роднините во публиката можеа да ги слушнат „Дувна ветре развигорче“ „Бело лице љубам јас“, „Feliz Navidad“ и „Ѕвона“.

viber image 2024 03 02 20 06 22 864

Паузата помеѓу двата дела хорот го искористи и за промена на облеката, која во првиот дел беше класична и се совпаѓаше со духовната музика која беше изведена, а во вториот дел беше модерна и одговараше на забавната музика.

Вториот дел беше исполнет со композиции од забавен карактер како песни од Тоше Проески и еден досега невиден спектакл во Тетово од песните од албумот Мама миа, од групата АБА, проследен со пеење и танцување на сцената. Настапот заврши со заедничко појавување на сцена на двата хора во исполнување на „We are the champions“. Уживањето во публиката кое беше присутно цело време, во тој момент доживеа кулминација, па хоровите беа испратени од сцена со стоечки овации.

 



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...