Повредени од бездомни кучиња 22 годишна и 70 годишник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Соопштение на СВР Тетово 5 март 2024г.

 

Дваесет и двегодишната тетовка Т.Ј., вчера (4 март) во 15 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Илинденска“ во Тетово била касната од куче скитник.

….

 

Вчера (4 март) во 19 часот и 40 минути, А.З.(70) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

….

 

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (4 март) околу 18 часот и 20 минути на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Р.Ц. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

 

 

Четириесетгодишниот Г.И. од тетовско Фалише вчеравечер (4 март) во 20 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека четириесетина минути пред тоа пред неговиот дом физички бил нападнат од 28-годишниот Б.М. Според пријавеното, напаѓачот користел и дрвен предмет, по што на Б.М. му е изготвен соодветен поднесок. Подоцна, приведен е и Г.И. кој се однесувал агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

…..

 

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (4 март) во 16 часот во Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот Б.И. од тетовско село, кој половина час претходно бил пријавен од неговата невенчана 34-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

….

 

Вчера (4 март) во 17 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот И.Б. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата невенчана сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

….

 

 

 



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...