Соопштение СВР Тетово 6 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (5 март) околу 14 часот и 15 минути на улица „Радован Цониќ“ во Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Е.О.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Преземено од: Линк












