Секој тутунар со зголемената субвенција ќе добие по 465 денари за прва класа предаден тутун, најави Ковачевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На тутунарите годинава ќе им бидат исплатени за 20 денари повисоки субвенции за тутунот, односно 100 денари за прва, 90 за втора и 80 денари за трета класа. Исплатата на субвенциите ќе биде на крајот на март и во почетокот на април. Тоа е дел од грижата за раст и развој на тутунопроизводството кое, преку извозот, годишно обезбедува 120 милиони евра девизен прилив.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната попладневна средба со тутунопроизводителите во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“, говорејќи за состојбите и развојот во тутунопроизводството.

Растот на субвенциите се очекува и во наредниот период, како и дополнителната поддршка за тутунарите.

-Вкупно пресметано, со годинашната просечна цена на тутунот од 365 денари, секој тутунар со субвенијата ќе добие по 465 денари за прва класа предаден тутун. А годинава, речиси целиот род на тутунот е во прва класа.  Од Прилеп сакам да порачам дека грижата за извозно ориентираните гранки, како што е тутунопроизводството ќе продолжи и во вториот мандат на владата предводена од СДСМ.  Инаку, тутунот со извозот во републичкиот буџет годишно учествува со 120 милиона евра девизен прилив, нагласи Ковачевски.

Со новата програма на СДСМ, како што посочи, тутунарите за 2024 година ќе добијат и по 6000 денари  по еден хектар обработена површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100 проценти од трошоците за нафта, кога по хектар ќе изнесува 12 000 денари  за зелена нафта.

-Дополнително, со новата програма на СДСМ е предвидено зголемување на сумата за субвенции во периодот од 2024 до 2028 година кога вкупно за земјоделството се предвидени 750 милиони евра, што е за 30 проценти зголемување на субвенциите во однос на последниот четиригодишен период што ќе придонесе  за пораст на извозот до 1,2 милијарди евра, рече Ковачевски.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...