Регионалниот ЦУК Тетово извести дека преку единствениот број за пријавување итни случаи 112 во ЦУК, граѓанин од Форино, Општина Гостивар, вчера доцна попладне, пријавил дека мечка му дошла на неговиот имот кај неговата штала и дека истата се движела околу шталата во моментот на пријавување.
„За пријавената ситуација биле веднаш известени во Полициската станица Гостивар од каде што екипа излегла на местото на настанот, внимателно истражиле, по што известиле дека животното нема направена штета во шталата, како и на оградата околу куќата, но видно се забележувале траги од мечката.“, информира ЦУК.
Паралелно со известувањето до ПС Гостивар, Регионалниот ЦУК Тетово ги известил и Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Преземено од: Линк













