Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (12 март) од 10 до 15 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно се откриени и санкционирани 5 прекршоци (Тетово 2 и Гостивар 3). Сите прекршоци се однесувале на некористење на заштитен шлем, односно кацига, поради што им се изготвени законски предвидените поднесоци со парична глоба од 50 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до мотоциклистите кои во наредниот период ќе бидат далеку поприсутни по улиците и патиштата задолжително да ја носат пропишаната опрема, пред се кациги, навреме да ја проверат техничката исправност на мотоциклите и да ги регистрираат, зашто во спротивно ќе се соочат со парични глоби од 100 до 500 евра во денарска противвредност.
„Покрај ова, тие се потсетуваат и на обврската да не седнуваат зад управувачот без претходно да го положат возачкиот испит и да поседуваат валидна дозвола, со напомена дека глобата за управување без дозвола изнесува 250 евра во денарска противвредност. На мотоциклистите им се советува и секогаш да ја прилагодуваат брзината според условите на патот и да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи како учесници во сообраќајот.“, наведува портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Преземено од: Линк













