При контрола откриени 5 неисправни возила за превоз на патници во тетовско и гостиварско подрачје и 5 за други прекршоци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Соопштение СВР Тетово 14 март 2024

Вчера (13 март) од 7 до 11 часот  на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и законски санкционирани 5 (ГВ) технички неисправни возила кои имале неисправни сопирачки. Возилата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4).

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до учесниците во сообраќајот редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата и особено на сопирачките и уредите за управување. Зашто, на тој начин ќе придонесат за сопствената и безбедноста на оние кои ги превезуваат во возилата, како и на другите учесници во сообраќајот.

До возачите се апелира, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да внимаваат каде ги паркираат возилата.

Tetovo
broken clouds
16.4 ° C
16.4 °
16.4 °
56 %
0.5kmh
66 %
Sat
16 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...