76-ти натпревар на Леброн со 40+ поени – во оваа категорија не е ни блиску до врвот на НБА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Предводникот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс синоќа воодушеви од натпреварот против Голден Стејт со 40 поени, кои, на крајот, не беа доволни за победа.

Џејмс одигра одличен натпревар, тоа го покажуваат неговите статистички бројки, рационално ја водеше екипата офанзивно со 12/18 во шут за два, 3/5 за три и 7/8 за еден поен.

Инаку, ова беше 76-ти меч во неговата кариера на кој Леброн постигнува 40 или повеќе поени на еден натпревар.

Тој е само уште еден до изедначување на Оскар Робертсон на вечната листа на играчи со најмногу „40+ игри“.

Сепак, Џејмс е далеку од најдобар во оваа категорија.

Листата убедливо ја предводи Вилт Чембрлен, кој во кариерата одиграл 271 меч на кои постигнал 40 или повеќе поени – односно дури 195 повеќе од Џејмс.

Зад недопирливиот Чембрлен, Мајкл Џордан е осамен на второто место со 173 натпревари на кои постигна 40+ поени, додека на третото место е Коби Брајант (122).

Четврти е се уште активниот Џејмс Харден (101), петти Елгин Бејлор (88), зад него е Ален Ајверсон (77), потоа Оскар Робертсон (77), а дури потоа на осмото место е Леброн Џејмс ( 76).



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи