Времето денес (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 4 до 17 степени.
Утре (вторник) ќе владее променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат насекаде.
Од среда до петок не‘ очекуваат студени утра, а преку денот сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Преземено од: Линк













