Засилени контроли во Тетово за нерегистрирани возила, и без возачка дозвола,управувајќи со четирицикл повредени двајца малолетници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Соопштение на СВР Тетово 19 март 2024

Вчера (18 март) од 10 до 15 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возила, во најголем број на возила кои вршат јавен превоз. При контролата откриени и санкционирани се 2 возила (ТЕ-1 и ГВ-1) со неисправни сопирачки и 1 возило (ТЕ) со истечена регистрација. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра  за физичко, 2000 евра за правно лице и плус 500 евра во денарска противвредност за неговото одговорно лице.

Во вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 2 возачи (ТЕ) кои управувале без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа, 10 возачи (ТЕ) кои непрописно, односно погрешно ги паркирале нивните возила, од кои 5 возила биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).

Завчера (17 март) околу 17 часот и 30 минути во атарот на тетовското село Доброште, во месноста „Орман“, малолетник од ова село, управувајќи четирицикл со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко, изгубил контрола движејќи се по нивите, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, додека сопатникот, исто така, малолетник се здобил со телесни повреди. Увид  на местото вчера (18 март) извршила екипа од СВР Тетово.

IMG 0027 1

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до сопствениците на возила, фирми и други правни субјекти редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата кои ги користат, со што најнепосредно ќе придонесат за лична безбедност на оние кои ги управуваат, но и на другите учесници во сообраќајот. Се апелира, исто така, да не седнуваат зад волан без претходно да го положат возачкиот испит и да поседуваат возачки дозволи.

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи