(Видео) Спектакуларен гол на Дамашчан, Македонија ремизираше со Молдавија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Foto/ ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија, во пријателски натпревар во Анталија, одигра 1:1 против Молдавија. Ова беше четврти меѓусебен дуел и четврти нерешен резултат на двете репрезентации.

Македонија во поголемиот дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот. Македонија во првото полувреме ја контролираше играта, го имаше поседот на топката, а наградата за таквиот пристап дојде во првата минута од судиското надополнување на времето.

Барди путираше од 25 метри, молдавскиот голман само ја одби топката на која налета Миовски и ја смести во голот. За напаѓачот на Абердин ова беше трет гол во дресот на националниот тим.

Македонија подобро влезе и во второто полувреме. Одлична шанса во 56. минута имаше Милан Ристовски, но откако убаво се ослободи од одбранбениот фудбалер, шутираше за малку покрај голот на Молдавија. Две минути подоцна се обиде и Илјазовски.

Елиф Елмас во 76. минута по одлично проигрување со Митровски шутираше од добра позиција, но повторно одбрани гостинскиот голман.

Молдавија изедначи во 83. минута. Спектакуларен гол постигна Витали Дамашчан. По нафрлување од десната страна, напаѓачот на Молдавија со прецизен волеј удар го совлада Димитриевски.

За три дена Македонија ќе игра ротив Црна Гора.

North Macedonia 1-[1] Moldova – Vitalie Damascan scissor kick 82′
byu/Meladroitdimage insoccer

 



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
16.9 ° C
16.9 °
16.9 °
56 %
0.1kmh
59 %
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
15 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...