Покрај Скендер Реџепи денеска во Тетово некогашните лути ривали и жестоки меѓусебни критичари Ахмети и Тачи си подадоа рака за коалициска соработка. Во говори со политички пораки само за Албанците повикаа на обединување за ЕУ, а против руското влијание. Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека одлучил сите недоразбирања од минатото да ги заборави со цел за побрза интеграција во ЕУ.
Не изостанаа ниту провокативните изјави, а гласањето на овие избори беше претставено како глас за Истокот и Западот.
Според Ахмети било прашање на денови кога и крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците ќе им се приклучи, а се очекува тоа да го направи и Унијата на Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.












