Соопштение на СВР Тетово 26 март 2024
Педесет и седумгодишниот С.А. од тетовска Мала Речица, вчера (25 март) во 17 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 10 минути неговиот малолетен внук физички бил нападнат од нивниот сосед А.М.. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (25 март) во 19 часот и 10 минути на службен разговор во СВР Тетово била повикана 28-годишната Е.В. од Република Албанија со престој во Тетово. Таа во 17 часот и 20 минути била пријавена од 29-годишната тетовка С.И. дека околу 15 часот во близина на тетовско основно училиште физички ја нападнала и ѝ се заканила со остар предмет. Според пријавеното, Е.В. во појасот имала и оружје. Се преземаат мерки и активности за расчистување и документирање на случајот.


Шеесет и двегодишниот гостиварец Л.М. вчера (25 март) во 10 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 16 часот и 20 минути во рибникот во кој работел во гостиварска Долна Бањица бил физички нападнат од три лица. Се расчистува и документира случајот.


Вчера (25 март) во 11 часот, Ж.Ѓ.(74) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека на 23-ти овој месец околу 16 часот и 30 минути на улица „Панче Поповски“ во Гостивар бил физички нападнат од Ф.Н.. Се расчистува и документира случајот. Вчера (25 март) во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „173“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Ф.И. од тетовско Новаке, удрило во малолетничка од тетовски Пирок. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.











