Србија е на нозе, исчезна двегодишно девојче, ја бараат веќе три часа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Данка Драгомировиќ (2) исчезна во Бањско поле, едно од населбите кај источниот српски град Бор. Во потрагата се вклучија и граѓани, кои се организираа и почнаа да го бараат детето.

Како што кажала мајката, таа е облечена во виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и е врзана во опавче.

Малото девојче сѐ уште не зборува, а исчезнало за момент од погледот на мајката додека му давала вода на синот.

Потрагата трае веќе три и пол часа, а во моментов околу 300 луѓе трагаат по девојчето.

На терен се припадници на Полициската управа во Бор, Бригадата за противпожарна и спасување, на доброволната противпожарна единица, планинари, мештани и граѓани на Бор.

Девојчето наводно било видено како оди во шумата, но нема информации каде би можела да биде.

Родителите апелираа до сите кои ќе ја видат веднаш да се јават во полиција или да се обратат на нивниот телефонски број.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...