48-часовен куќен притвор за двајца од приведените за убиството во Железара

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Нема докази дека тројцата приведени го убиле матичниот доктор Ацо Трповски на паркингот пред Поликлиниката Железара. Вештачењето на материјалните докази не ги дале очекуваните резултати, па сега Јавното обвинителство се откажува од натамошен притвор.

– До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан. Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело, велат од ОЈО. 

Техничкиот министер за внатрешни кој во средата рече дека истражните органи се близу до расветлување на случајот, и дека се приведени две лица, сега не сакаше да ги коментира новите наоди од Судска Медицина. Во телефонски разговор само кратко ни кажа дека истражителите работат на обезбедување на дополнителни материјални докази и дека МВР е во координација со Јавното обвинителство. 

Истрагата сега влегува во ќор-сокак. Мотивот за убиството се уште е мистерија. Министерот Тошковски веќе кажа дека убиството не е поврзарно со докторската професија, но недостатокот на осомничени сега става прашалник на ова тврдење. 

Досега прегледани се повеќе од 50 видео записи од безбедносни камери, и преземени се 20 истражни дејствија.

Минатиот четврток, околу 23:00 часот, матичниот доктор Ацо Трповски беше пронајден мртов со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома во предвиденото време. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...