Гостиварскиот бенд D‘reamers (Џејмс и Синиша) промовира нова песна поткрепена со видео спот. Песната, која е нивна седма по ред носи наслов „Мали Нешта” и како и сите претходни е снимена во GreenRoom Sound студио, под продукциска палка на Дамир Пух и Наташа Миха.
„Ова е долгонајавувана и очекувана песна со која што сме едно скалило поблиску до промоција на нашиот прв албум. Во најава е уште една песна која што е во фаза на изработка во овој момент. Паралелно работиме на аудио реализација и видео спот за неа“, велат од бендот.
Видеото за „Мали Нешта“ е снимено во Sound Clinic студио во Скопје и е првото комплетно студиско видео на Д римерс. За овој видео спот се погрижи екипата на ProCam Production.
Овој пат за промена, Џејмс и Синиша добиваат поддршка од Емил Ејупи и Кирил Билбиловски, нивните сограѓани од Гостивар за целокупна реализација на ова музичко дело.
Преземено од: GostivarPress












