Тошковски: Ниту еден полициски службеник не смее да биде член на политичка партија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска порача дека ниту еден полициски службеник не смее да биде член на политичка партија.

Министерот на денешната прес-конференција по остварената работна посета на СВР Скопје, одговорајќи на новинарско прашање околу фотографии на полициски службеници кои се појавија со политичари во Тетово рече дека ќе го провери случајот.

  • Не би можел да прокоментирам нешто што не сум го видел. Нареден пат ќе ви дадам одговор на прашањето. Но, во секој случај согласно закон ниту еден полицаец не смее да биде дел од политичка партија, изјави Тошковски.

Додаде дека ќе провери и дали полицаец има право да се фотографира со политичар за време на кампања.

Тошковски, исто така посочи дека во Министерството за внатрешни работи се потребни системски и суштински промени.

  • Работењето на Министерството за внатрешни рбаоти и тоа како треба да се подобрува и од технички, човечки аспект, потребни се и обуки во министерството. Во текот на овој краток временски период додека сум во Министерството заклучив дека една од клучните работи на кои ќе треба да се посвети внимание е едукација на полициските работнци како од аспект на униформирани полициски службеници, така и од апсект на полициски службеници кои постапуваат во останатите делови во Министерството, катастрофално стоиме во делот на техничка опрема, тука особено треба да се посвети внимание, појасни министерот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...