Како вашите орхидеи да цветаат побрзо и да бидат поубави од кога било досега?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Повеќето орхидеи во затворен простор престануваат да цветаат во зимските месеци, а на некои им треба речиси цела пролет за да ги создадат своите први пупки. За среќа, постојат методи што можете да ги користите за да го поттикнете ова.

Орхидеите се меѓу омилените домашни растенија токму поради нивните прекрасни цветови во комбинација од розова и бела, жолта или виолетова боја, но во месеците кога не растат, освен што не цветаат, лисјата може да добијат кафена боја, а стеблата стануваат меки и почувствителни.

Сепак, тоа не значи дека нешто не е во ред со вашето омилено растение или дека не може да се спаси. Имено, ова се вообичаените показатели дека орхидејата „одмара“ и се подготвува за ново цветање.

За да и го олесните овој период, постојат неколку методи со помош на кои ќе и обезбедите се што и е потребно за уште побујно цветање во пролетта и ќе се погрижите пупките да излезат здрави и поубави – дури и порано од очекуваното време.

За почеток, важно е да се збогати почвата со соодветно ѓубриво. Со оглед на тоа што орхидеите се исклучително чувствителни растенија, секогаш купувајте некоја направена според потребите на таа сорта.

Потоа внимавајте на количината на вода со која ги полевате. Важно е да го погодите тој магичен момент помеѓу фазата во која коренот е целосно сув (што е показател за дехидрација) а сепак доволно „жеден“ да не изгние.

Покрај тоа, еден од најефикасните методи со кој ќе го стимулирате нивниот раст е истовремено – бесплатен. Сè што е потребно е да ги чувате на добро сончево место, но повторно да бидат заштитени од директна светлина.

Конечно, трикот препорачан од експертите е да ги преместите орхидеите во поладна просторија во текот на ноќта (како оставата или ходник), бидејќи изложеноста на поголеми температурни разлики видливо го стимулира почетокот на нивното цветање.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...