Кампањата „Не е до нив, до тебе е“ стартува од Струмица, ќе слушнете многу добри пораки пред изборите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со настапи на ди-џејот Мац и актерот Бојан Кирковски со свој стенд ап вечерва од Струмица беше означен почетокот на кампањата многу изговори, а една реалност – „Не е до нив, до тебе е“. Според организаторите „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност.

-Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е и видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“. „Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“… И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е – гласај без изговори, беше кажано вечерва во Струмица.

Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски-Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Горан Микиќ и Виктор Камнар ги тргнаа сите изговори на страна и се приклучија кон кампањата, со цел секој од нив да ја искористи моќта на гласот. Познатите, заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Оваа моќна порака ќе патува низ повеќе градови во Македонија и ќе стигне до секој што има дури и најмал сомнеж дека неговиот глас нема да направи промена.

Караванот „Не е до нив, до тебе е“, кој почна вечерва во Струмица, ќе продолжи во Штип, Карпош, Аеродром,Велес, Ѓорче Петров, Куманово, Кочани, Центар, Битола, Прилеп и Охрид

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...