Која храна треба да ја избегнувате за време на сезонските алергии?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сезонските алергии погодуваат милиони луѓе, а двата најчести типа се алергиски ринитис и алергиски конјунктивитис. Бидејќи повеќето се предизвикани од полен, сезонските алергии може да се влошат во одредени периоди од годината во зависност од тоа дали алергенот на полен е дрво (март/април), трева (јуни/јули) или плевел- коров (август/септември).

Симптоми на алергија се кивање, кашлање, течење на носот или чешање на очите и грлото, што значително го отежнува секојдневниот живот. Покрај земање антиалергиски лекови, постојат и намирници кои треба да се избегнуваат за луѓето кои страдаат од алергии полесно да го пребродат овој период од годината.

Храна која содржи профили, кои се протеини слични на протеините од полен од бреза и може да предизвикаат симптоми како што се оток или чешање во устата, јазикот или усните се праски, сливи, кајсии, јаболка, киви, круши, цреши, моркови, целер, бадеми, лешници, кикирики, соја, ким, магдонос.

Ако сте алергични на полен од ајдучка трева, храната која може да предизвика симптоми кои вклучуваат чешање или печење во устата и грлото и кашлање се сончогледи, банани, краставици, дињи, тиква и киви.

Оние кои се алергични на полен од трева треба да избегнуваат храна која содржи ликопен бидејќи може да предизвика алергиски реакции. Тоа значи дека ќе треба да се воздржат од домати, кикиритки, блитва и целер.

Исто така, премногу зачини во храната може да ги влошат симптомите на алергија како што се течењето на носот и насолзените очи. Пржената храна и храната направена со рафинирано брашно, шеќер или тони сол исто така може да ги влошат симптомите на алергија.

А луѓето кои се алергични на полен од трева не треба да пијат пиво бидејќи тоа може да ги влоши симптомите на алергија.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
16.9 ° C
16.9 °
16.9 °
56 %
0.1kmh
59 %
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
15 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...