Џоан Лапорта ги вжешти страстите пред дуелот ПСЖ-Барселона

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта не пропушти да го зачини вечерашниот спектакл во кој неговиот клуб ќе му гостува на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

„Ние веруваме во нашите можности. Задоволство е да имаш вакви играчи, не би ги менувал за ниту еден од играчите на ПСЖ!“, изјави Лапорта за клупската интернет страница и дополни.

„Не сме биле во четвртфиналето многу години, многу сме возбудени, ќе биде одличен натпревар. Гледам играчите се во многу добра состојба, максимално мотивирани, фокусирани и обединети со Чави и стручниот штаб. Тоа не тера да веруваме во нив, бидејќи гледам дека веруваат во своите шанси. Фудбалерите на Барса се свесни што би значело доколку клубот се пласира во полуфиналето. Гледам дека и тренерот е убеден во тоа“.

Не е тајна дека односите меѓу ПСЖ и Барселона не се пријателски. Лошите односи започнаа во 2017 година кога ПСЖ за рекордни 222 милиони евра го донесе Нејмар од Барселона. Потоа и Лео Меси заврши на „Паркот на принцовите“, а минатото лето, Барселона не можеше финасиски да одговри на понудата која ПСЖ ја испрати до Усман Дембеле, па и тој заврши во Париз.

Претходно беше обелоденето и дека претседателот на Париз, Насер Ал-Келаифи, не присуствувал на вчерашната традиционална вечера меѓу двете раководства.



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...

Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на...