Пожар на депонија во Чегране

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 13 евидентирани пожари на отворен простор, од кои утрово три се уште се водат како активни, додека не се добие потврда од терен дека се целосно изгаснати.

Денеска, од раните утрински часови, пожарникарите од ТППЕ Гостивар со три пожарникари и едно ПП возило интервенираат на запалена депонија во село Чегране. Екипата е се уште таму и ќе дежура доколку се разгорат повторно делови од згаснатата депонија.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што започнал во текот на вчерашниот ден над село Ѓермо, Општина Тетово на Национален парк „Шар Планина“ е локализиран. Само на едно место  има малку чадење, а интервенираат на терен две лица од националниот парк за целосно да биде целосно изгаснат.

Со пожарот била зафатена букова шума, папрат и сува трева. Зафатената површина со пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени. Пожарот во Национален парк „Маврово“ поточно во село Жировница е ставен под контрола. Со пожарот била зафатена, според првите проценки, околу 17 хектари високопланинска трева, смреки и дел од букова шума.

„Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале пет лица од Национален парк „Маврово“, а заради непристапноста на теренот од страна на градночалникот на Општина Маврово-Ростуше беше побарано од ЦУК употреба на воздухоплови за гаснење на пожарот. Во гаснењето на пожарот интервенираше еден хеликоптер на МВР, што реализираше пет прелети и пожарот го стави под контрола. Екипата која е на терен до вечерните часови целосно го локализира пожарот“, велат од ЦУК.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи