Со два полициски хеликоптери се гаси пожарот над тетовско Селце, Ангелов вели дека нема опасност да се прошири кон куќите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од тетовско Селце информираше дека денеска два полициски хеликоптери учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар. 

Според Ангелов, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат поради проблеми со пилотите.

– Пожарот кој пред четири дена започна на Шар Планина во атарот на село Селце, сè уште е активен поради сериозните димензии што ги доби. Во текот на денешниот ден ангажиравме и втор полициски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден покрај ренџерските тимови на Националниот парк Шар Планина во гаснењето помогнаа и тимови на Територијалната противпожарна единица Тетово, но и еден полициски хеликоптер. Во текот на денешниот ден на самото место гасат два полициски хеликоптери, како и неколку тимови ренџери од Националниот парк Шар Планина но и неколку тимови на ТППЕ Тетово, изјави Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат, поради проблеми со пилотите. Тој со оцена дека огнот е далеку од куќите во селото.

-Моја процена е дека во овој момент нема опасност по куќите од село Селце затоа што густата чад потекнува меѓу другото и од лисјата кои ги има во поголема количина на местото каде што се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е доста широка, повеќе од еден километар, за жал немаме на располагање ниту еден „Ер-трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување поради проблемот со пилотите. Тие значително ќе го олеснат гаснењето на овој на овој шумски планински пожар. Продолжуваме со гаснење со два хеликоптери, се надевам дека попладнево ќе го ставиме под целосна контрола, изјави Стојанче Ангелов.

Шумскиот пожар зафати површина над 100 хектари информираа денеска од Националниот парк Шар Планина.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи