Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сремушот ја чисти крвта, цревата, кожата, помага при ревматизам и артритис, хипертензија, го детоксицира целото тело.

Кај нашиот народ сремушот е познат како див бел или мечкин лук. Има многу посилен мирис од обичниот лук и кога се во прашање лековитите својства, билкарите имаат навика да велат дека е „убиец на отровите“ во нашиот организам.

Се појавува рано напролет и се верува дека е првото растение што мечката го јаде по зимскиот сон. Ова е уште еден доказ дека животните инстинктивно знаат што е добро за нивното здравје, бидејќи сремушот е одлично средство за чистење на организмот од токсините насобрани во зимските месеци, велат билкарите.

Добро оди и со месо и со риба

Има многу можности и комбинации сремушот да биде присутен во нашата исхрана. Одлично оди со месо и риба, но може да се подготви и како салата. Се користи за подготовка на ладни јадења, но и разни видови пити, пецива, па дури и леб.

Април е идеално време за берење и консумирање сремуш.

Сремушот има многу лековити својства и е популарна храна во хомеопатијата. Често се користи за лекување на висок крвен притисок и дигестивни проблеми. Особено се препорачува за срцеви пациенти и оние со затнати крвни садови. Исто така, сремушот е познат по своите антибактериски и антивирусни својства, поради содржината на сулфур. Дури се користел во Првата и Втората светска војна за стерилизирање на рани.

Сремуштот има четири и пол пати повеќе сулфурни соединенија од обичниот лук.

Ризница на витамини и минерали

Дивиот лук е полн со разни витамини и минерали. Понекогаш се нарекува „крал на магнезиумот“ на растенијата поради високите нивоа на овој минерал кој се наоѓа во лисјата. Магнезиумот е познат како минерал кој помага против стрес и го штити циркулаторниот систем, особено срцето. Богат е со витамини А, Б1, Б2, ниацин, фолна киселина и витамин Ц, кој има 14 пати повеќе од лимонот.

Свежиот сремуш е најлековит

Листот од сремуш се користи сушен како зачин, а свеж како салата и треба да се додаде по завршувањето на термичката обработка, за да не испарат лековитите и ароматичните материи. Затоа, се препорачува да се јаде сремуш свеж и да се избегнува готвење, бидејќи термичката обработка, како и замрзнувањето и сушењето, ги губат повеќето од неговите лековити својства.

За разлика од лукот, сремушот има карактеристичен мирис само додека се јаде, а после тоа не се забележува.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи