Управата за хидрометеоролошки работи за утре (недела, 21 април) издаде предупредување за дестабилизација на временските прилики.
„Во недела ќе има локална нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег“, се вели во метео алармот.
Времето денес (сабота) претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 13 до 20 степени.
Преземено од: GostivarPress













