Пиштоли и калашникови, тренд на трговија во Албанија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Албанија во последно време е забележан растечки тренд на криминални групи кои се повеќе ја покажуваат својата моќ со инвестирање во скапо огнено оружје од најново производство, објави Топ чанел.

Се посочува дека во различни полициски акции во Тирана, Валона и Драч, пронајдени се бази со оружје од различен калибар.

– Според полициската статистика, во различни операции низ државата во текот на минатата година запленети се 410 парчиња огнено оружје, од кои 199 пиштоли. Во меѓувреме, годинава трендот на трговија со пиштоли е поголем. Во периодот јануари-март, од 125 парчиња запленето огнено оружје, 75 се пиштоли, наведува телевизијата.

Покрај пиштолите, оружје кое наголемо се користи е и автоматската пушка-калашников, која, тврди полицијата, најмногу се користи како алатка за извршување на мафијашки егзекуции.

Во повеќето случаи, ова оружје сторителите го оставаат зад себе во возилата, кои по извршениот криминален акт ги палат. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи