Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Во земјава денеска е предизборен молк, пред утрешните седми претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места. Годинава поради тоа што се одржуваат двојни избори, за време на молкот за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај.

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори.

Од ДИК за МИА информираа дека гласањето на овие лица е почнато навреме и тече без проблеми.

Гласањето за претседател почна со 191 член на избирачките одбори во саботата кои отпатуваа да го спрповедат гласањето во дијаспората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Резултатите од денешното гласање ќе се знае утре, заедно со резултатите од гласањето во земјата.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...