Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М. (46) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопштуваат денеска од полицијата.
На 28.07.2023, пријавениот на парцела во Гостивар, ангажирал градежни работници кои извршиле градежни работи, без претходно да се стекне со одобрение за градење издадено од надлежен орган.
Преземено од: GostivarPress













