Поради пукната цевка поплавени дел од просториите на Токсикологија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.  

Од Министерството за здравство за новинската агенција МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран. 

– Нема штета, сѐ е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понеделникот лекари од Клиниката алармираа дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...

Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на...