Осигурителните компании си тераат по свое, не ги вратија старите цени, на потег е Владата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Осигурителните компании не ги поевтинија полисите, јави ТВ Сител.

Препораката од Комисјата за автоодговорност, не ја прифатија и денеска  продолжија да продаваат за 15% поскапо.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека до нив не стигнала одлуката за замрзнувањето на цените, која вчера требаше да им ја достават осигурителните компании.  Сега се чека деновиве да се одржи нов состанок, каде поприцизно ќе се дефинира по кои цени можат да се продават полисите.

Ако повторно не ги поевтинат, Владата, која го има последниот збор, на седница ќе треба да донесе одлуката за ограничување на маржата,  каде наместо сегашните не помалку од 15%, премијата треба да се ограничи да не надминува 30 отсто,  со што индиректно ќе се вратат цените како  пред поскапувањето. Граѓаните пак, кои очекуваа пониски цени при регистрација,  денеска си платија дополнителни  од 840, до 1,600 денари, зависно од моќноста на возилата

Ако останат ваквите цени  можно e поскапат и услугите на автошколите. Велат дека зголемените цени на полисите директно ќе им се одразат врз работењето, затоа што имаат повеќе возила

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...