Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие во земјава евидентирани биле три пожари на отворен простор.
Регионалниот ЦУК Тетово, известил дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар со едно противпожарно возило и два пожарникари интервенирале на запалено ѓубриште кај пунктот за патарината на автопатот Гостивар-Тетово. Регионалниот ЦУК Битола, информирал дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно возило, и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од еден хектар кај месноста „Белушки ливади“.
Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово дека од 12.40 до 13.15 часот, со еден пожарникар и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во реонот на с.Будинарци, на месноста „Ленишка Река“.
Преземено од: GostivarPress













