Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 23 степени.
Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи околу 18 степени.
Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат.
Преземено од: GostivarPress













