Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Носителката на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 6, Дафина Стојаноска вечерва од Гостивар на средба со Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, ја упати последната порака до граѓаните во рамки на изборната кампања.

„Ја завршуваме оваа, според мене успешна кампања. Мојот последен повик е никој да не остане дома, со седење дома не се менуваат работите. Кампањата ми даде повратен ефект дека народот е подготвен за промени и мислам дека ќе се случат и тие, како што се случија на 24 април, само што на 8 мај очекувам уште поголема излезност и уште поголема поддршка за бројот 2, затоа што Гордана Силјановска Давкова и листите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија точно ги нудат промените, а не да останеме закопани во ровови како до сега, што би рекол Али Ахмети од ДУИ.“, рече Стојаноска која кампањата вечерва ја заокружи со средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во Летниот амфитеатар во Гостивар.

dsc 9649dsc 9658

Носителката денес беше и во месноста Пештер, Општина Јегуновце кадешто беше организиран еко-хепенинг, со забава, македонска музика и еколошки активности. Од таму истакна: „Упатувам повик до сите граѓани на Република Македонија, на коишто оваа Влада им преседна со криминал и корупција, предавства, лошо образование, неквалитетно здравство, ниски плати и пензии, задутре да ја истратата во минатото и да остане запишана во неславната македонска историја. Задутре, гласајте за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова, за коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Тоа се луѓето коишто Македонија ќе ја направат повторно горда и повторно твоја“.

untitled 2 32



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи