(Видео) Цела Франција го брка „Мува“, при филмско бегство од затвор уби двајца полицајци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Во Франција се убиени двајца затворски чувари, а тројца се повредени  додека превезувале затвореник, за кој се открива дека се вика Мохамед Амра и е роден во 1994 година.

Чуварите се нападнати во француската општина Инкарвил во департманот Ер од непознати мажи.

Затвореникот Амра побегнал со напаѓачите, а по нив е започната потрага, вклучително и хеликоптери. Амра се враќал од судот во Руан каде бил сослушан од истражниот судија, во случајот за обид за убиство за кој е обвинет.

Францускиот весник „Фигаро“ наведува дека затвореникот го има прекарот „Мува“ и неколку кривични пресуди, вклучително и обид за убиство, пренесува Би-Би-Си.

На француската јавност и се обрати и премиерот Габриел Атал, кој вети дека „Франција никогаш нема да потклекне пред насилството и ќе остане обединета“.

„Ви кажувам, сторителите ќе платат“, рече Атал.

Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети објави дека итно се упатува кон кризната единица на министерството. Тој рече дека двајцата повредени полицајци се во критична состојба.

„Апсолутно ќе се направи се за да се откријат сторителите на ова грозоморно злосторство“, изјави Морети за телевизијата БФМ.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен, пак, вчера соопшти дека е започната голема потрага по непознати напаѓачи, кои утринава убиле најмалку двајца затворски чувари и раниле уште тројца додека превезувале затвореник меѓу Руан и Евро.

„Се користат сите средства за да се пронајдат овие криминалци. Неколку стотици полицајци и жандарми се мобилизирани по мои инструкции“, напиша Дарманен на платформата. МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи