Со натпреварите од 33. коло викендов се заокружи сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига.
Струга Трим Лум иако загуби во последното коло од Шкупи, ја одбрани титулата, Шкендија ги освои бодовите на дуелот со Работнички и како второпласирана обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига. Стружани ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.
Фудбалскиот клуб Гостивар по кам-бекот после 9 години во најелитното фудбалско натпреварување во земјава ја заврши сезоната на 6. позиција. Гостиварци во текот на сезоната успеаа да запишат 9 победи, 15 нерешени натпревари и 9 порази, со 42 освоени бода, заостануваат 20 бодови зад првопласираната Струга, а имаат 5 бодови повеќе од десетопласираниот тим кој игра бараж за опстанок.
Ланре Кехинде беше најдобар поединец во тимот од Гостивар, нигерискиот интернационалец на 23 натпревари постигна 12 голови.
ФК Вардар ќе игра бараж за опстанок, а екипите на Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата.
Табела: Струга 64 бода, Шкендија 64, Шкупи 62, Тиквеш 44, Силекс 43, Гостивар 42, Брера 42, Работнички 42, Воска 42, Вардар 37, Македонија ЃП 29, Брегалница 28.
Преземено од: GostivarPress













