Сител со близу милион евра заработка од изборите, а заедно со Канал 5 и Алсат – 2,5 милиони евра од државниот Буџет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Рекордна заработка од платеното политичко рекламирање на телевизиите донесоа двојните избори. Овие средства за платено политичко рекламирање се обезбедува од државниот Буџет. Најдобро поминаа националните телевизии, кои за време на двата круга на Претседателските избори и за парламентарните избори сите заедно имаат инкасирано 4,4 милиони евра од политички реклами.

И овие избори не променија ништо во перцепцијата на партиите каде да огласуваат. Најголема заработка има ТВ Сител, со 894.661 евра, следи Канал 5 со заработка од 827.636 евра и Алсат со 794.877 евра. Трите телевизии заедно заработија 2,5 милиони евра односно повеќе од половината од рекламниот изборен колач за националните телевизии. ТВ 21 е со нешто над половина милион евра – 571.681 евра, следат Телма е со заработка од 412.992 евра, ТВ 24 со 309.462 евра и ТВ Алфа со 233.498 евра.

ppr nacionalni tv

Регионалните телевизии заедно имаа еден милион евра, додека локалните нешто над 600.000 евра.  

vkupno radija i tv

Радијата сите заедно – национални, регионални и локални заработиле 548.523 евра.

vkupno ra

Што се однесува до претседателските кандидати, Стево Пендаровски (1,4 милиони евра) предничи пред Гордана Сиљановска Давкова (1,2 милиони евра) по платено политичко рекламирање. Следат Бујар Османи со потрошени 542.806 евра, Арбен Таравари со 493.465 евра, додека останатите кандидати се со далеку помали износи.

pretsedatelki izbori po kandidat

На Парламентарните избори, кај радијата и телевизиите најмногу трошеле СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а партијата Десна нема потрошено ни денар за платено политичко рекламирање. Според партиските извештаи, коалицијата предводена од СДСМ потрошила 743.690 евра за реклами, ВМРО ДПМНЕ 702.885 евра. Европскиот фронт предводен од ДУИ – 492.269 евра, ВЛЕН – 446.076, Левица потрошила 94.198 евра, ЗНАМ – 36.515 евра, Единствена Македонија – 31.516 евра и Нова алтернатива на Данела Арсовска 15.769 евра. Останатите учесници се со помали износ, што може да се види на табелата.

parlamentarni izbori ppr po partii

АВМУ пресмета дека на сите 68 радиодифузери за Парламентарните избори беа емитувани вкупно 567 часа 43 минути и 31 секунда платено политичко рекламирање. Додека за вториот круг на  Претседателските избори кај 57 радиодифузери, беа емитувани вкупно 282 часа 58 минути и 54 секунди платено политичко рекламирање на кандидатите за претседател.

Ова се податоци од извештаите што радиодифузерите ги имаат поднесено по завршување на изборите. Дополнително се очекува извештаите на порталите и билбордите да ја покажат вкупната цена на платеното политичко рекламирање, што го плаќаме сите ние, преку државниот Буџет. За двојните избори се очекува да бидат потрошени околу 10 милиони евра.

Во вкупните пресметки не влегуваат трошоците за реклама што учесниците во кампањата за избори ги трошат на социјалните мрежи, како Фејсбук и Гугл.

В.К./В.Г.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...