Ако имате мачкa ова мора да го знаете…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Пролетта пристигна и многумина ја украсуваат својата градина и домот со нови цвеќиња. Во таа смисла, треба да се внимава ако во домаќинството има и мачки бидејќи одредени растенија се отровни за тие домашни миленици. Следат дел од попопуларните украсни растенија што може да ѝ направат проблеми на мачката ако реши да го грицка листот, цветот итн.

Нарцис – дури и само неколку каснувања од кој било дел од ова растение предизвикува лигавење, повраќање и пролив кај мачките. При посериозна состојба можни се нарушувања на срцевиот ритам.

Маргаритки – нe се најотровни за мачките, но не се ни 100 отсто безбедни. Ако мачето изеде повеќе од еден, два цвета, најверојатно ќе се јави повраќање и пролив. „Полесното“ труење со маргаритка најчесто исчезнува за неколку дена.

Лилјан – сите делови од ова растение се крајно опасни за мачката, ако го изеде, или пак, само да го помириса или да се напие од водата во вазната. Во потешки случаи, труењето предизвикува повраќање, пролив и откажување на бубрезите. Поради високата токсичност, лилјаните никогаш не се одгледуваат во дом каде што се чуваат мачки.

Лалиња – иако на многумина им се омилен цвет, и лалињата мора да се чуваат подалеку од мачка. Знаците на труење со лале се слични на оние со другите цвеќиња: повраќање, иритација на устата, пролив и отежнато дишење.

Хортензии – кoj било од приближно 260-те подвидови, е опасен за мачките. Сепак, труењето со хортензија е ретко. Ако мачката е „истражувач“ и сака надвор, како и другите наведени цвеќиња, и хортензиите треба да се засадат на безбедно место во градината, вон дофат на домашното милениче.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи