Од септември Филозофија изборен предмет во четврто, петто или шесто одделение

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Учениците од четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година ќе имаат можност да изберат Филозофија како слободен изборен предмет. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, за разлика од задолжителниот предмет Филозофија за четврта година средно образование, предметот Филозофија за основно образование нема да биде изучување на историјата на филозофијата или анализа на апстрактни филозофски идеи.

-Низ конкретни примери претставени низ приказни, мисловни експерименти и друштвени игри, преку техники засновани на иновативниот пристап на Филозофија со деца, учениците ќе дискутираат за вечните филозофски прашања за праведноста, слободата, пријателството, вистината, убавината. Предметот Филозофија има цел да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото ги нема промислено, се наведува во соопштението.

Филозофското друштво на Македонија посочува дека предметот Филозофија со деца е воведен во основните училишта во многу држави во светот (во Австрија од 1983 година, во Франција од 1996, во Канада од 2004, во Словенија од 2006 година), а неговото воведување во раното образование го препорачува и УНЕСКО со цел да се развие критичко и креативно размислување, да се прифатат демократските вредности и да се развијат вештини за мирен општествен дијалог.

-Во 2016 година, УНЕСКО отвори Катедра за практикување на Филозофија со деца, разбирајќи ја оваа дисциплина како основа за меѓукултурен дијалог и социјална трансформација. Оваа дисциплина се развива од 1970-тите години, почнувајќи од Метју Липман, кој покажа дека децата кои имале можност да учат филозофија од рана возраст напредуваат на два важни начина: тие се способни за јасно, прецизно, разумно и критичко размислување но, исто така, се отворени и за идеите и ставовите на другите, информира Друштвото.

Наставната програма, прирачникот за наставниците и оригиналните и иновативни дидактички материјали за предметот Филозофија, се изработени во рамките на Еразмус+ проектот „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија – SOPHIE“. Носител на проектот е Филозофското друштво на Македонија, а партнери се Филозофскиот факултет во Скопје, Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и Словенечкото филозофско друштво.

Во рамките на проектот било спроведено и пилотирање на програмата во три основни училишта во Македонија, две училишта во Грција и две во Словенија.

-Наставната програма и прирачникот за наставници се достапни на интернет-страницата на Бирото за развој на образованието. Заинтересираните училишта и наставници може да се пријават на ma*******************@***il.com за да им бидат доставени и дополнителните дидактички материјали, кои се состојат од збирки приказни и работни тетратки, театарски сценарија со илустрации и забавни и поучни друштвени игри. Дидактичките материјали наскоро бесплатно ќе бидат достапни и на интернет- страницата на SOPHIE (www.projectsophie.eu), каде што може да се најдат подетални информации за проектот, соопшти Филозофското друштво на Македонија.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...