„Со години сексуално вознемирува жени, а го ставија за декан“, белградските студенти се заканија со блокади на Факултетот за политички науки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Стотици студенти на Универзитетот во Белград денеска протестираа против назначувањето декан кој го обвинуваат за сексуално вознемирување жени со години.

Обвиненијата против професорот, Славиша Орловиќ, датираат од пред повеќе од 20 години, но неговото потенцијално назначување за декан на Факултетот за политички науки во главниот град на Србија поттикна неколку жени да проговорат на социјалните мрежи.

Студентите го блокираа пристапот до универзитетот, а организаторите ветија понатамошни активности доколку кандидатурата на Орловиќ биде одобрена од Советот на факултетот.

„Овој факултет треба да ни покаже кои се вистинските вредности, но не успеа“, изјави за новинарите 28-годишната студентка Јована Крстиќ, која помогна во организирањето на протестот.

Во 2014 година, кога Орловиќ служеше како продекан, студентка поднела жалба против него до универзитетот во која се наведува дека сексуално ја вознемирувал. Тој подоцна беше сменет од функцијата, иако официјалната причина беше незадоволителна соработка со администрацијата на факултетот.

„Ако факултетот го застапува човек кој навредува над 25 години, зошто некој мисли дека ќе престане кога ќе ја добие оваа функција? рече Јелена Ризниќ од неформалниот колектив „Женска солидарност“ кој со недели ги објавува сведочењата на студентите на социјалните мрежи.

Актуелниот декан на факултетот, Драган Симиќ, изрази поддршка за демонстрантите.

„Јас како татко на ќерка сум повеќе од загрижен што се случуваат такви работи“, изјави Симиќ.

„Нема доволно силни зборови на српскиот јазик за да го изразам она што го чувствувам кога ги слушам сите овие сведоштва“.
Студентите се заканија дека ќе го блокираат влезот во тој факултет.

Белградските медиуми јавија дека тој е избран за декан иако не е јасно како бидејќи во првиот круиг гласање не добил доволно гласови. На веб-страницата е објавено дека на Факултетот во моментот настава следат 3.500 студенти. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9 ° C
9 °
9 °
84 %
0.1kmh
100 %
Sun
16 °
Mon
14 °
Tue
10 °
Wed
11 °
Thu
9 °

Поврзани написи